Расчистено кривично дело „убиство“, поднесена кривична пријава

Денеска (25.01.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело „Убиство“ предвидено и казниво по чл. 123 од КЗ на РСМ, извршено на 29.12.2022 на ул. „1737“ во Скопје, кога Ф.У. со употреба на остар предмет - нож го усмртил А.Д. (64) од Скопје.
Имено, по добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737“ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, обезбедени се материјални докази и утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У. (лице кое е осуденик кој требало да биде на издржување на казна затвор во КПУ Идризово Скопје, но во тој период бил во бегство). Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ Идризово, а во службен разговор го признал делото.
Ново на Сител
-

Безбедносна проценка: Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови
-

И покрај забраната, австралиски тинејџери и понатаму се на социјалните мрежи
-

Приведен 63 струмичанец кој предизвикал пожар во дворот и на улицата на која живее
-

Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
-

Двегодишно дете од Куманово затруено со разредувач за боја, пренесено на Клиниките во Скопје
-

Паразитска епидемија во САД: Илјадници нови случаи за само една недела
-

Саудиска Арабија формираше воен сојуз за заштита на Црвено Море
-

И животните на удар од топлотниот бран - да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
