Концерт „Бела виолина“ на „Културно лето Новаци 2016“

Културното лето „Новаци 2016“ продолжува со целовечерниот коцерт „Бела виолина“ што ќе го изведат Пламенка Трајковска во придружба на Злата Тошевска, Горјана Стојановска и Марко Димовски.
Од прес-центарот на „Културно лето Новаци 2016“ информираат дека концерот ќе се одржи во новоотворениот културен центар на општината, а според програмата превидени се и други културни настани.
- За вечерашниот концерт на виолинистката Пламенка Трајковска во општина Новаци владее голем интерес, а со нетрпение се очекуваат и другите програмски содржини од новачкото културно лето. На 26 и 27 јули ќе организираме посебни настани во селата Агларци и Гермијан, на 28 јули закажавме стенд-ап комедија со театарот „Дел-арте“, а во пресрет на големиот државен и верски празник во селото Граешница ќе организираме етно-илинденски концерт, посочи Елизабета Јончиќ, координатор на „Културно лето Новаци 2016“.
Манифестацијата „Културно лето Новаци 2016“ завршува на 26 август со концерт на македонската етно група „Синтезис“.
Ново на Сител
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
-

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври
-

Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилската треска
-

Опожарено возило во Скопје, сопственост на правно лице од Косово
-

Мицкоски: Законот за Скопје-Европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ, за да нема сомнежи ќе биде ставен на јавна расправа
-

Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата, од Владата нема најава за укинување на Вториот пензиски столб
-

Безбедносна проценка: Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови
-

И покрај забраната, австралиски тинејџери и понатаму се на социјалните мрежи
