Расчистени три тешки кражби во битолско, крадците го признале делото
Денеска (19.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето.
Имено, Г.В.(45) се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во с.Долно Српци, битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект.
Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите