Почина родилката која по породување скокна од прозорец на ГАК

Синоќа почина 39-годишната родилка која на 2 јули скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Оваа информација за ,,Слободен печат'' ја потврдиле членови од нејзиното семејство.
Родилката се бореше за живот на КАРИЛ, но не издржа и покрај лекарските обиди да се спаси нејзиниот живот.
Таа беше во многу критична здравствена состојба, а пред да ја направи одлуката да скокне од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство страдала од вознемиреност и одбивала да го дои бебето.
Триесет и деветгодишната родилка била донесена на ГАК во 36-та недела од бременоста. Била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез.
Бебето е во добра состојба. На родилката ѝ било прво дете и станувало збор за посакувана бременост.
Трагедијата иницираше инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Ново на Сител
-

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
-

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
