Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализирале вонредни активностите за расчистување на повеќе обемни диви депонии во скопските општини Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир.
Како што соопшти ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во општината Сарај е интервенирано во спортско-рекреативниот центар „Матка“, каде се отстранети приближно 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад.
Подигнати се и 50 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Брадфордска“ во општина Карпош, „Народен фронт“ во општина Центар, „Боро Менков“ и „Костурска“ во општина Бутел и на улиците „Цветан Димов“, „Втора македонска бригада“ и „Македонско-косовска бригада“ во скопската општина Чаир.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје