-->
-->
Расчистена тешка кражба во Скопје, следуваат пријави против две лица
-->
Полициски службеници од СВР Скопје од Полициско одделение Шуто Оризари вчера вечер, на улица „Нов живот“ го лишиле од слобода А.Г.(20) од Скопје поради сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“, информира Министерството за внатрешни работи.
Поради откупување предмети од пријавената „тешка кражба“, МВР информира дека во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор бил повикан Ф.О.(39) од Скопје, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетениот.
МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“, додека против Ф.О. ќе биде поднесена кривична пријава по член 261 од Кривичниот законик за „прикривање“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација
-
Со сопствени иновации, Кина го редефинира фармацевтскиот пазар
-
Наплаќале 150 до 5.000 евра за да овозможат туѓа нега или инвалидска пензија, обвинение за 36 лица во „Синдром“
-
При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите