Македонија
27. January 2023 - 14:26

Расчистена разбојничка кражба во Скопје, сторителот го признал делото

 МВР информира дека денеска, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево извршиле службен разговор со Г.Н. (52) од Скопје.

– Тој се сомничи дека на 26.01.2023 одзел повеќе производи во продажен објект на улица „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, а откако бил забележан од вработените им се заканил со остар предмет. Во разговорот во полициска станица тој го признал делото и од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, известуваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.