-->
-->
Раниери „набркан“ од првакот Лестер
-->
Шампионот на Англија Лестер по серијата слаби резултати синоќа го отпушти менаџерот Клаудио Раниери. Лестер има 21 бод или само еден повеќе од Хал (20), кој е во зоната за испаѓање. До крајот на Премиер лигата преостануваат да се одиграат уште 13 натпревари.
Отказот за Раниери стигна откако во средата Лестер загуби во првиот осминафинале натпревар од Лигата на шампионите на гости кај Севиља (1:2). Лестер сеуште има активен резултат, а реваншот го игра на домашен терен.
Одлуката за отказ е изненадувачка особено што пред еден месец Раниери доби поддршка од управата на клубот. Италијанскиот тренер пред само девет месеци со Лестер направи сензација и ја освои титулата во Премиер лигата.
Лестер во следното коло во понеделник игра на домашен терен против Ливерпул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат