Според наводите на истражителите, Димер и неговата банда имале голем број лаборатории во кои кокаинот се фарбал како храна за кучиња и мачки, а по испораката на саканата дестинација повторно по хемиски пат бил претваран во кокаин за продажба.

Ендру Димер се криел во посебниот дел од таванот во моментот кога специјалците и војската се приближиле кон куќата во која се криел во шест часот наутро.
Како што пренесуваат медиумите, на специјалците местото каде се криел Димер им го укажале неговите кучиња. Заедно со британскиот нарко-бос е уапсена и неговата сопруга Марсела Запата (37).
Колумбиските власти го сомничат дека стои зад шверцот на тон кокаин за пазарот на Европа, САД и посебно Велика Британија, а управувал со продажба, а управувал со продажба на дрога вредна 354 милиони долари.