Свет
3. September 2018 - 11:15

Рани куче да те лае: Дилер тежок 400 милиони евра наречен британски Ескобар го предадоа неговите кучиња

Ендру Димер се криел во посебниот дел од таванот во моментот кога специјалците и војската се приближиле кон куќата во која се криел во шест часот наутро.

Како што пренесуваат медиумите, на специјалците местото каде се криел Димер им го укажале неговите кучиња. Заедно со британскиот нарко-бос е уапсена и неговата сопруга Марсела Запата (37).

Колумбиските власти го сомничат дека стои зад шверцот на тон кокаин за пазарот на Европа, САД и посебно Велика Британија, а управувал со продажба, а управувал со продажба на дрога вредна 354 милиони долари.

Според наводите на истражителите, Димер и неговата банда имале голем број лаборатории во кои кокаинот се фарбал како храна за кучиња и мачки, а по испораката на саканата дестинација повторно по хемиски пат бил претваран во кокаин за продажба.

Почнал како крадец на спомениици, а завршил како најголем нарко бос на сите времиња. Димер сега се наоѓа во озлогласениот затвор Ла Пикота во Богота, а медиумите пишуваат дека се согласил да и помогне на полицијата во замена за поблага казна од 14 години и 8 месеци затвор.
 
Тој е уапсен во една од 18-те симултантни акции во пет колумбиски градови, а полицијата потоа објави фотографија на која се гледаат сите кои се уапсени тој ден.