Свет
5. October 2016 - 23:35

Рамзан Кадиров третпат стана претседател на Чеченија

Рамзан Кадиров денеска официјално стана претседател на Чеченија, третпат по ред, откако победи на изборите одржани на 18 септември, со освоени 97,94 отсто од гласовите.

Свечената церемонија се одржа во државниот театар во Грозни, каде Кадиров положи заклетва.

Тој најави дека главни задачи во претстојниот период е воспоставување на економски раст, развивање на социјалната сфера и намалување на невработеноста.

Кадиров, кој денеска го прославува 40. роденден, на чело на Чеченија е речиси 10 години.