Рамос: Жал ми е за навивачите што не им возвративме со позитивен резултат
Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Серхио Рамос им се заблагодари на навивачите во Севилја за поддршката што ја даваа на „Црвената фурија“ и покрај лошиот резултат на синоќешниот дуел со Англија.
- Ни дадоа пружија прекрасна поддршка. Мераклиски е да се игра во Севилја. Благодарност до цел град. Жалам што не успеавме со победа да им возвратиме. Сепак и тие знаат дека Англија е ривал од светска класа. Рано направија голема разлика, ние се обидовме, но не успеавме целосно да ја анулираме негативата, истакна рамос.
Шпанија загуби со 3:2 избегнувајќи висок пораз, бидејќи Англичаните по 38 минути играа имаа водство 3:0.
И покрај поразот Шпанија е лидер во четвртата група А-сегмент од Лигата на нации со шест бода, два повеќе од Англија и пет од Хрватска.
Ново на Сител
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес