-->
-->
Рамос: Утре повторно ќе имаме состанок со „историјата“
-->
Актуелниот европски шампон Реал Мадрид е подготвен за претстојниот меч против Манчестер Јунајтед во УЕФА Супер купот.
„Кралскиот тим“ во Скопје допатува во најсилен состав, во кој е и првата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо. Капитенот на тимот, Серхио Рамос, вели дека утре Реал Мадрид ќе има состанок со „историјата“.
„Чувствувам голема гордост што сум капитен на овој тим. Привилегија е да се биде капитен на Реал Мадрид. Утре повторно имаме состанок со историјата. Мораме да се потсетиме дека ова е финале на победникот на ЛШ и ЛЕ. Имаме можност да освоиме уште еден трофеј што би го посветиле на нашите навивачи и следбеници. Навистина би сакале утре да го однесеме трофејот во Мадрид“, изјави Рамос на прес конференцијата.
Рамос потенцира дека присуството на Роналдо во тимот е од голема важност и дека Реал е друг кога тој е во составот.
„Кристијано е многу важен играч во нашиот тим. Мислам дека е важно што тој е тука со нас во тимот. Други сме кога ее тој тука со нас, без разлика дали игра или не. Поскоро би сакале личните и приватните прашања да ги оставиме на страна и да се фокусираме на мечот“, додаде Рамос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст