Рамер Вилис сака свое реално шоу по примерот на сестрите Кардашијан

Кога не знаеш што би работел, а сакаш да бидеш славен - сними реално шоу.
Се зборува дека за овој рецепт за успех во шоубизнисот размислува и ќерката на славните актери Деми Мур и Брус Вилис, која, според магазионот ОК, би сакала реално шоу со нејзините две сестри, слично на она кое ги прослави сестрите Кардашијан.
- Девојките не сакаат да живеат само од слава на нивните родители. Сакаат да докажат дека и самите можат да успеат, открива за ОК извор близок до ќерките на Деми и Брус.

Рамер (27), Скаут (24) и Талула (21) досега се имаат појавено во неколку фолмови, снимаа модни кампањи и реклами, а често се наоѓаат и на листите на најубаво градени девојки во Холивуд.
Рамер постигна голем успех танцувајќи во емисијата „Танц со увездите“, на чие учество наводно се согласила само за да го привлече вниманието на таблоидите.
Дали реалното шоу на сестрите Вилис навистина ќе се оствари и дали трите девојки ќе бидат „интресни“ како семејство Кардашијан, останува да видиме.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
