Рамадани: Белград и Моска се главните закани за Косово, Србија се плаши да води нови војни

Косовскиот заменик министер за одбрана Бурим Рамадани вели дека неодамна увоената Стратегија за безбедност на Косово е „стратегија за модернизација и јакнење на институциите“, и го прави Косово „држава модел во регионот на планот на безбедноста, одбраната, информациите и дипломатијата“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Рамадани на својата страница на Фејсбук напиша дека Србија, со тоа што усвои своја одбранебена стратегија неколку недели откако тоа го направи Косово, покажа дека продолжува да ги следи воинствените стратегии на поранешниот лидер Слободан Милошевиќ.
Косовскиот заменик министер за одбрана вели дека неговата Влада со право ги посочила Србија и Русија како „главни закани по безбедноста на Косово“, додека за белградската одбранбена стратегија тврди дека е доказ оти „Србија воопшто не се сменила, само што сега се плаши да води војни“.
– Со право ги дефиниравме надворешните непријателски активности (Србија и Русија) како главна закана по безбедноста на Косово. Неколку недели откако Косово ја усвои стратегијата за модернизација, Србија ја усвои својата милошевиќевска Стратегија. Повторно се потврди дека Србија воопшто не се сменила, само што сега се плаши да води војни, бидејќи се изгоре во Косово, напиша Рамадани.
Разликата меѓу Косово и Србија, според косовскиот втор човек во Министерството за одбрана на Косово, е “иста како и разликата меѓу доброто и злото“.
– Значи, разликата меѓу нас е концептуелна, длабока, тоа е разлика меѓу доброто и злото. Ние сакаме да се модернизираме себеси и регионот. Тие сакаат да го вратат минатото на Милошевиќ, вели Рамадани.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
