Рама: Рано е да се биде оптимист околу веста за укинување на бугарското вето
Веста дека бугарската опозиција се согласува да се повлече ветото на Софија за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама ја гледа како позитивен знак.
– Само што слушнав дека денеска нешто се движи во Бугарија. Рано е да се биде оптимист и премалку е да се сменат делови од утрешниот говор каде Бугарија е критикувана како земја која држела две земји од НАТО како заложници, додека има војна во границите на Европа, напиша Рама на Твитер.
Во истата објава тој наведува зошто донесол одлука да патува за Брисел.
– Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се слушне за нас, но ќе бараме да слушнеме за идејата на претседателот Макрон за новата европска политичка заедница што ја поддржуваме, за иницијативата „Отворен Балкан“, што го унапредува духот на Европа и за нашето заробеништво од Бугарија што ја уништува истата, напиша Рама во својата објава на Твитер.
Ново на Сител
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
