Рама: Ние сме на страната на САД
![]()
По американскиот воздушен напад во Багдад, во кој беа убиени иранскиот генерал Касем Сулејмани и командантот на ирачките шиитски милиции, Абу Махди ал – Мухандис, реагираше и албанскиот премиер Еди Рама, јави дописничката на МИА од Тирана.
Тој во статус на Твитер изразува целосна подршка за САД, наведувајќи дека „Албанија е на страната на САД“.
„Како земја што неодамна ја призна неправедната активност на Иран против слободниот свет и јасно се дистанцира од неа, Албанија не може енергично да не го одобри ставот на претседателот Трамп против еден злонамерен активист на режимот на Техеран. Ние сме посветени на САД и се надеваме дека сите ќе го направат тоа, напиша Рама.
Претходно, најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), преку соопштение ја искажа поддршката за „ангажираноста на САД во борбата против тероризмот“.
„Одлуката на претседателот Трамп за напад врз еден од архитектите и предводниците на терористички активности е силен чин на лидерство и заштита на демократските вредности и мир. Демократската партија, сега во опозиција, а утре на власт, во секое време, е на страната на САД, се наведува во соопштението на ПД објавено на Твитер.
Ново на Сител
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
