Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа
Албанскиот премиер Еди Рама продлужува со коментарите за последните случувања во Македонија.
Гостувајќи во телевизјата Клан Косова порачува дека Македонците треба да знаат дека Македонија не може да постои без Албанците.
Рама зборува и за платформата на Албанците, потпишана во Тирана, која, според него, не е провокација. Притоа негира дека се меша во внатрешните работи на Македонија и рече дека не му е важно дали Груевски или Заев ќе ја формираат новата влада, туку прифаќањето на албанската платформа.
Според него, платформата не е провокација, туку платформа која произлегува од Охридскиот договор. Во таа насока, тој оцени дека го цени придонесот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
На интервјуто за Клан Косово, покрај Рама, беше и косовскиот претседател Хашим Тачи. Тој изјави дека Албанците во Македонија се дискриминирани, иако како што рече, се клучен фактор во изградбата на државата. Сличен став имаше и Рама кој претходно, за албанските медиуми оцени дека Албанците во Македонија не се малцинство, туку државотворен фактор за опстанокот на земјата.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството