Рама: Не е праведно, а ни практично Пендаровски да бара раздвојување од Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама попладнево преку Фејсбук реагираше на изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во која тој вели дека раздвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија, не е добро, но е единствен можен начин за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.
Рама овој став на претседателот Пендаровски го смета за зачудувачки, при тоа потсетувајќи на „клучниот придонес на Албанија и Албанците во демократските процеси кај соседната земја“.
Според него ова барање од страна на Пендаровски, не е ниту праведно, ниту практично.
-Претседателот Пендаровски подразбира фаворизирање на раздвојувањето од Албанија во преговорите? Изненадувачки е овој пристап, особено кога го зема во обѕир клучниот придонес на Албанија и Албанците за демократските случувања и за европскиот пат на пријателската држава. Тоа, фактички не изгледа ниту праведно, ниту практично, пишува Рама.
Изјавата на македонскот претседател ја коментираше и поранешнот шеф на абанската дипломатија, Дитмир Бушати, според кого раздвојувањето на Македонија од Албанија би била стартешка грешка на ЕУ.
-Според ЕК и Албанија и Северна Македонија ја завршија домашната задача. Во вакви услови нивното одвојување би била стратешка грешка за ЕУ. Потребата за започнување на преговорите соодветствува на барањата на општествата на двете земји, на историјата и регионот, напиша Бушати на Твитер.
Пендаровски изјавата ја дал за Еуроактив за време на посетата во Брисел ,при што додал дека најголем проблем е како да се изведе раздвојување.
– Во Албанија е хаос сега. Опозицијата ги напушти институциите. Што да кажеме? Ние имавме позитивна препорака од Комисијата и претходно, а и порано сме биле одвоени од Албанија, изјавил Пендаровски за Еуроактив во четвртокот.
Ново на Сител
-
Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС
-
Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор
-
Пахор се повлече од кандидатурата за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина
-
Комеморација на Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
-
Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
-
Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
-
Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин