Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого

Премиерот на Албанија, Еди Рама во интервју за шпанскиот весник „Ел Мундо“ се осврна и на утрешните парламентарни избори во Косово, истакнувајќи оти на никого не дава предност, бидејќи има добри односи со сите кандидати.
– Косово е демократска и енергична земја. И како и сите балкански земји, се бори со сета страст и многу врева, но тоа е во ред. Им посакувам добро, но немам предност за изборните резултати. Јас сум пријател и ги почитувам сите, истакна рама.
Тој не ја коментираше политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Појасот Газа.
– Немам коментар за ова. Мислам дека планот треба да се разјасни, разбере и усогласи со сите други засегнати страни. Сè уште е рано, псоочи Рама.
Тој, во однос на одлуката на Трамп да ги суспендира средствата на УСАИД, што ја погодува и неговата земја, увери дека нема да има проблем со Авганистанците кои живеат во Албанија.
– Нема да има проблем со авганистанските бегалци кои живеат во Албанија. Ако сакаат да останат во нашата земја, можат да го сторат тоа, не можат да се вратат во својата земја и да го запрат насилството. Ова не се големи бројки за нас, тоа се само неколку стотици луѓе, посочи Рама за „Ел Мундо“.
Рама се осврна и на договорот за имигрантите со Италија и нивно сместување во прифатните центри во Албанија. Тој ја повикува Европа да спроведе заедничка имиграциска политика, да ја заштити граничната контрола, но и да биде „отворена“ за легална имиграција.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
