Рама ја поздрави одлуката и и го честита роденденот на Република Северна Македонија
Срдечни честитки до премиерот Зоран Заев и до сите оние кои се бореа за овој историски ден, напиша на Твитер албанскиот премиер Еди Рама, по изгласувањето на одлуката од страна на македонскиот законодавен дом за пристапување кон измени на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.
-Среќен роденден Република Северна Македонија. Искрени честитки за премиерот Зоран Заев и за сите оние кои се бореа за овој историски момент. Денеска се отвори нова врата за иднината за нашите два народа во Република Северна Македонија. Почит.- напиша Рама на Твитер на англиски и албански јазик.
Инаку, албанските медиуми,без исклучок,отстапија широк простор за случувањата во македонскиот Парламент а експресно ја пренесоа и веста за изгласувањето на одлуката, оценувајќи го тоа како историски момент.
Медиумите пренесоа и делови од изјавите на премиерот Заев и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицковски,со посебен акцент дека пратениците кои гласале за одлуката се веднаш исклучени од партијата. Место беше отстапено и за реакциите на еврокомесарот Хан и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг,како и за честитката на грчкиот премиер Ципрас до премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование