Рама: Без членство во ЕУ не е исклучено обединување на Албанија и Косово
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека доколку перспективата за членство на Западен Балкан во Европската унија продолжи да бледнее, не може да се исклучи обединувањето на неговата земја со Косово.
Тој во интервју за бриселскиот весник „Политико“ изјави дека некои албански националисти сакаат да ја видат Албанија обединета со Косово.
Рама истакна дека тоа не е негова желба, но дека е можна опција во случај на затворени врати на ЕУ.
Тој нагласи дека единствен начин да се одржат мирот и соработката на Балканот е европската перспектива да остане јасна и емоциите кон Унијата да останат позитивни.
- Никој не сака да бара мали сојузи, сите сакаат голема Унија. Но, ако нема надеж, нема перспектива, нема место, тогаш секако малите сојузи може да се случат, појасни Рама.
Тој предупреди дека откажувањето од натамошното ширење на ЕУ би водело кон дестабилизација на цела Европа.
Рама укажа дека Македонија и Босна и Херцеговина би биле посебно ранливи, доколку повторно се отвори прашањето за гранците.
- Доколку Балканот полуди поради стопирање на проширувањето на Унијата, граѓаните на Европа би доживеале кошмар и регионот би станал сива зона во која други актери би имале посилна улога од Брисел, предупреди тој.
Рама нагласи дека не гледа нова војна во регионот како „прво сценарио“, но додава дека смирувањето на тензиите во голема мера зависи од ЕУ и САД.
- Поддршката на членството во ЕУ во Албанија и другите земји во регионот останува високо и покрај растечкиот скептицизам во Србија и во Македонија, додаде Рама.
Ново на Сител
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура