Рама бара итно објаснување за изјавата на Гутереш каде Косово не се споменува како држава
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој договорот меѓу Косово и Србија го нарекува договор меѓу „Белград и Приштина“, јавија албанските медиуми.
Тие додаваат дека на официјалната веб-страница на Обединетите нации е објавена изјавата на Гутереш со која се поздравува договорот во Охрид, но во ниту еден случај не се споменува Косово како држава.
Рама прашува „дали се работи за грешка или лапсус и бара итно објаснување“.
„„Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или лапсус. Официјално име е „Договор за нормализација на односите Косово-Србија“ и би било неприфатливо доколку генералниот секретар намерно не го употреби точното име. Ве молам дадете веднаш објаснување“, пишува Рама.
На 18 март во Охрид, по повеќе од 12 часа преговори меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше постигнат договор за Анексот за спроведување на Европскиот план за дијалог, но без потпис на странките. Сепак, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека договорот и анексот за негова имплементација се сметаат за одобрени.
Ново на Сител
-
Шолц: Ова е нова димензија на војната
-
Ескобар: Курти има рок два дена да ги исполни барањата на САД и ЕУ, во спротивно ќе има последици
-
Мицкоски на средба со ММФ: Македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка
-
Средба на Пендаровски со претставници на ЗНМ и меѓународни новинарски и медиумски организации
-
Хари Локвенец поднесе оставка од директорската функција во ЈП ЖРСМ - Инфраструктура
-
Скопјанец пријавил дека бил натепан од обезбедување во здравствена установа во Кисела Вода
-
Мајка и дете истепани од три лица во Чаир
-
Уапсен дилер на дрога: Пронајдени таблети МДМА, марихуана и мешавина од амфетамин и метамфетамин