Рама апелира на зајакнување на принципите на Завршниот акт од Хелсинки
Натамошно зајакнување на ОБСЕ и нејзиниот сеопфатен пристап кон безбедноста се неразделно поврзани со целосно почитување и спроведување на основните принципи и обврски содржани во Завршниот акт од Хелсинки, изјави албанскиот премиер Еди Рама денеска на одбележувањето на 45-годишнината од документ.
Рама, чија земја годинава е претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, додаде дека Завршниот акт од Хелсинки е клучен за подобрување на безбедноста (на државите и на граѓаните) во текот на повеќе од четири децении во во 47 земји-членки на ОБСЕ и 11 партнери.
– Процесот на Хелсинки даде клучен придонес за намалување на тензиите и создавање услови што доведоа до крајот на Студената војна, потсети Рама.
Овој процес, кој започна во 1975 година, овозможи премин од конфронтација во соработка и го отвори патот за создавање, во 1995 година, на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Рама истакна дека вистинскиот начин да се истакне важноста на Хелсиншкиот завршен акт е итно да се направи обид да се реализира визијата на тој документ за почитување на меѓудржавните односи и придржување кон обврските.
– Бидејќи Европа носи лузни од конфликтите, работата на нашата организација, како и добрата волја на сите земји учеснички, се уште се понеопходни. За да бидат значајни и релевантни, мирот и демократијата не смеат да бидат само зборови и перспективи, туку наша заедничка цел. Хелсиншкиот документ со десетте принципи, вклучително и почитувањето на основните човекови слободи и права, денес се подеднакво релевантни, како што беа пред 45 години, посочи Рама.
Тој потсети дека овој историски договор го постигнала разновидна група на земји кои не делеле заеднички пристап за сите прашања.
– Убеден сум дека сеопфатната платформа на ОБСЕ за дијалог и заедничко делување е клучен и траен форум, заклучи Рама, чија земјана почетокот на јануари го презеде претседавањето со ОБСЕ.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни