Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

Албанскиот премиер Еди Рама, во однос на „чистите плажи“, како најголеми загадувачи ги посочи локалните, косовските и македонските туристи, кои „зборуваат албански“, иако, како што рече, се претставуваат како најголеми патриоти.
-Туристи кои не зборуваат англиски, шпански, француски, италијански, туку албански, од Албанија, од Косово, од Северна Македонија, се најголемите загадувачи на плажите и туристичките места. Албанци кои се собираат за да уживаат во убавините и во своите одмори, застануваат на панорамски туристички места, прават селфи „ох, колку си убава, моја Албанија“ во исто време го истоваруваат ѓубрето од своите автомобили каде ќе стигнат, рече меѓу другото Рама.
Тој додаде дека тоа се оние „кои сакаат да одат во војна“ со Србија или со други на спортски натпревари на стадионите.
-Убеден сум дека најголемите загадувачи се оние кои ги кршат столчињата на стадионот и кои имаат за цел да ги претворат спортските натпревари во војни, кога се со Србија или со некој друг со кого се подготвени да се борат на стадионот. Но, тие се загадувачите на Албанија, кога станува збор за престој на плажа, посочи Рама.
На средбата одржана во Министерството за туризам, Рама како друг елемент на кој мора да се обрне внимание ја посочи бучавата, најавувајќи забрана на музиката во барови на плажите и намалување на нивниот број.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
