Ракометарите со спортски психолог во Гдањск
Во пресрет на квалификациите за пласман на Летните Олимписки игри Рио 2016, Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ангажираше стручен спортски психолог, кој ќе им биде на располагање на македонските репрезентативци во текот на претстојниов поготвителен период. РФМ деновиве ги заврши преговорите со еден од најеминентните спортски психолози во регионов, д-р Тања Кајтна, професор на катедрата за спорт при Универзитетот во Љубљана, актуелен Претседател на Здружението на слевенечки психолози и Координатор за спортска психологија при словенечкиот Олимписки комитет.
Проф. Кајтна е истакнат професионалец со врвни достигнувања во кариерата во делот на спортската психологија и публикувани научни истражувања со фокус на психолошкиот профил на тернери и спортисти во категоријата на високо-ризични спортови. Во улога на официјален психолог на словенечките репрезентативци, Проф. Кајтна се најде за време на Параолимписките игри во Пекинг 2008, како и за време на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.
Во насока на создавање максимално погодни услови за Македонските сениорски ракометни репрезентативци од секој аспект, непосредно пред квалификациите за ЛОИ 2016, Ракометната федерација го ангажираше и кинотерапевтот Димитар Андреев, кој ќе практикува научно засновани методи наменети за подобрување на мобилноста и истрајноста, какви што практикуваат врвните спортисти ширум светот.
Со ангажманот на двете стручни лица, РФМ го комплетираше стручниот тим кој останува апсолутно фокусиран на ова комплетирање на ова значајно поглавје за македонскиот ракомет, се вели во изјавата на спортскиот директор на машката репрезентација Милчо Чакарески објавена на сајтот на РФМ.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева