Ракометарите на Еурофарм Пелистер им гостуваат на Рајн Некар Левен
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во спортскиот центар САП-Арена во Манхајм ќе се сретнат со германскиот претставник во ракометната Лига на Европа, Рајн Некар Левен.
Битолчани со релативен оптимизам допатуваа во Манхајм каде во групната фаза и во рамки на четвртото коло, силите ќе ги одмерат со фаворитот во групата „Д“ – Рајн Некар.
Европската ракометна федерација за дуелот меѓу Рајн Некар Левен и Еурофарм Пелистер кој ќе почне во 20.45 часот, ја делегира судиската двојка Aндреј и Сандро Смаилагиќ од Шведска.
Како што е познато во првите два натпревара од ракометната Лига на Европа, Еурофарм Пелистер загуби од ГОГ Гудме и ремизираше со Кадетен Шафхаузен, а во дополнителен термин ќе се одигра одложениот натпревар од првото коло со Татабања од Унгарија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно 1 625 повици на број за итни случаи 112
-
Приведени девет лица, меѓу кои и странски државјани, кај нив пронајдена дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: Политички и полициски структури на СДС го охрабруваа Палевски да шири токсична атмосфера и да сее омраза
-
Скопјанец осомничен за недозволено држење оружје и насилство
-
Нови дојави за бомби во повеќе училишта во Белград
-
Повреден полицаец, солзавец и над 400 уапсени на одбојкарскиот натпревар Олимпијакос-Панатинаикос
-
Грција и Турција подготвени темелно да ги обноват односите: „Ајде да разговараме гледајќи ја чашата полуполна“
-
СДСМ: Мицкоски да не молчи за средбата со Палевски, прикривање докази е кривично дело