Ракхманин: На македонското земјоделство му се потребни иновации и дигитализација
Иновации и дигитализација, современи технологии и опрема, подобрување на врските меѓу производителите, преработувачите и пазарите, како и зајакнување на советодавните услуги за земјоделците, му се неопходни на македонскиот аграр, порачува Владимир Ракхманин, помошник-генерален директор на ФАО и Одговорно лице за Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија.
Во интервју за МИА, Ракхманин потенцира дека Македонија е на вистинскиот пат и ФАО е подготвено да ја поддржи во наредокот, но, е потребно уште многу работа.
Според него, мора да се реши проблемот со расцепканите површини, а потребна е и што поскора трансформација кон одржливи системи за храна.
- Во дигиталната ера, малите стопанственици и семејните фармери во Македонија имаат потреба од постојана иновација, а за тоа им е потребна подобра поддршка преку зајакнати, инклузивни и плуралистички советодавни услуги, истакнува Ракхманин.
Во врска со конкурентноста на европскиот пазар која посебно ќе биде изразена по евентуалниот влез на Македонија во ЕУ, одговара дека производите од трудово-интензивните потсектори имаат подобри шанси, како и производите со локален карактер, особено органските.
- Слободната трговија е од корист за земјата ако се фокусира на производство во области каде што има компаративна предност, посочува помошник-генералниот директор на ФАО и додава дека честопати е тешко малите и расцепкани семејни фарми во Македонија да ги исполнат меѓународните стандарди за квалитет и маркетинг.
За субвенциите и нивната оправданост, нагласува дека е позитивно тоа што земјите од регионот финансиски го поддржуваат земјоделскиот раст и руралниот развој, земајќи ги предвид социјалните аспекти.
- Во овој контекст, ФАО препорачува повеќе да се стави фокус на иницијативите за поддршка и развој кои помагаат да се зголеми конкурентноста на земјоделскиот сектор во целина, преку подобрување на условите за работа на земјоделците и зголемување на нивниот пристап до знаење, што води кон креирање работни места и воспоставување појаки советодавни системи, нагласува помошник-генералниот директор на ФАО.
Негова оценка е дека родови нееднаквости и натаму се застапени во руралните средини, но, Владата, како што вели, е свесна за тоа и препознава дека еднакви можности за жените и мажите се од суштинско значење за одржлив развој во овие подрачја.
Интервјуто по повод претстојното потпишување на Рамковната програма на ФАО за Македонија за периодот 2018 - 2020 година закажано за 11 јули, МИА ќе го објави во целост наредните денови.
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“