„Рајанер“ од 1 јули обновува 40 отсто од закажаните летови
Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денеска соопшти дека од 1 јули ќе продолжи со 40 проценти од закажаните летови, доколку европските влади ги отстранат ограничувањата за летови во рамките на Унијата и ги применат најавените здравствени мерки на аеродромите.
„Рајанер“ преку соопштение наведува дека патниците ќе треба да носат маски за лице, да поминат мерење на температурата на телото и да побараат од екипажот дозвола за користење на тоалетот.
Според планот, авиокомпанијата од 1 јули ќе треба да управува со 1.000 летови дневно од своите 80 бази низ Европа, во споредба со моменталните само 30 летови дневно, се наведува во соопштението на компанијата.
На овој начин компанијата ќе покрие 90 отсто од дестинациите до кои леташе пред коронакризата, но со намалена фреквенција на дневни и неделни летови.
Како дел од мерките за борба против Ковид-19, „Рајанар“ ќе бара од сите патници да пополнат формулар во кој се детализирани должината на нивната планирана посета и каде ќе престојуваат, а информациите ќе ги доставува до владите на ЕУ за да проверат дали патниците ги исполнуваат 14-дневните мерки за изолација при влегувањето во земјите на Унијата.
Во соопштението се додава и дека секоја вечер ќе се дезинфицира внатрешноста на авионот и дека во него ќе бидат забранети плаќањата во готовина.
„Чекањето во редици пред тоалетите ќе биде забрането, а употребата на истите ќе биде одобрена по поединиечно барање на патниците“, соошти „Рајанер“.
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
