Рајан Рејнолдс страдал од анксиозност после Дедпул
GQ (Џи Кју) и оваа година ја додели престижната награда „Маж на годината“, а еден од добитниците му припадна на актерот Рајан Рејнолдс.
Иако неодамна тој наполни 40 години, Рајан и понатаму е еден од најпосакуваните холивудски мажи. Покрај тоа, реодовно вежба и внимава на исхраната, па изгледа подобро од многу помлади колеги.
Рајан веќе со години е во среќен брак со холивудската миленичка Блејк Лајвли, со која неодамна ја доби втората ќерка и тоа случајно го откри во текот на гостувањето во едно говорно шоу.
Во интервјуто призна дека страдал од анксиозност откако заврши со снимањето на кино хитот „Deadpool“ во чиј костим позираше и на странците на споменатото списание, под 4300 долари вредниот Диор костум.
- Отидов на лекар, затоа што мислев дека ќе доживеам нервен слом, но не знаев што ми е точно. Тогаш ми потврдија дека се работи за анксиозност. Вниманието е тежок товар за нервниот систем. Можеби затоа и живеам во шума, се пожали во свој стил.
Убавиот акер во 2018 година ќе го гледаме во улога на анти-јунак во Дедпул, во второто продолжение.
Ново на Сител
-
ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година
-
Отворено писмо на поранешните полски дисиденти до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата
-
ООН загрижена поради „фундаменталната промена“ на американската политика, вели Фолкер Тирк
-
Хулкенберг ја критикуваше Ф1: Емоциите на трките се природни
-
Градењето станови поевтинува – становите поскапуваат
-
Приведени две лица од Турција за приложување фалсификувани патни исправи
-
Приведен 34 годишник во Ѓорче Петров, полицијата пронашла нож
-
Јапонија нема да учествува на конференцијата на ОН за забрана на нуклеарното оружје