-->
-->
Рајан Гослинг и Харисон Форд во продолжението на „Блејд Ранер"
-->
Денис Вилнев, еден од моментално најбараните режисери во Холивуд, го режира продолжението на научно-фантастична класика од 1982., „Блејд Ранер", што премиерата ќе ја има во октомври.
Главните улоги во „Блејд Ранер 2049" ги толкуваат Харисон Форд и Рајан Гослинг.
Триесет години по случувањата од првиот дел, новиот истребувач полицаец К. од Лос Анџелес (Гослинг) открива долго криена тајна која има потенцијал и она малку што останало од човештвото да го фрли во хаос. Така тој ќе се сретне со херојот од првиот филм, неговиот „колега“ Рик Декард (Форд).
„Блејд Рајдер 2049“во кината пристигнува на 5 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот