Живот
29. December 2015 - 13:24

Рајан Филип ќе се жени со 17 години помлада девојка

 Еден од најпосакуваните холивудски ергени, Рајан Филип, кој и на 41 година изгледа многу поубаво од некои негови помлади колеги, ја побара за жена неговата долгогодишна девојка, 24-годишната Полина Слегтер.

Според таблоидите, поранешниот сопруг на Рис Витерспун, „клекнал на колена“ пред Полина во текот на божиќните празници, но оваа информација засега не е официјално потврдена.

Рајан и Полина се заедно веќе четири години. Убавата Полина, која моментно студира право, порано активно се занимаваше со манекенство.

- Таа е генијална, иако луѓето имаат многу предрасуди. Таа би можела да биде модел, но таа се реши за правото, изјави во една прилика Рајан.

Актерот беше во бракот со Рис од 1999 година до 2008 година и со неа има две деца. Рајан има и четиригодишна ќерка со актерката Алекс Кнап, со која имаше само кратка авантура.