Рахој ќе преговара со социјалистите за формирање нова шпанска влада

Шпанскиот премиер Маријано Рахој по победата на неговата Народна партија (ПП) на вчерашните предвремени парламентарни избори, најави дека негов приоритет ќе бидат разговорите за формирање влада со опозициската Социјалистичката работничка партија на Шпанија(ПСОЕ).
Како што јави ДПА, конзервативната ПП ги надмина сите предизборни прогнози, освојувајќи 137 пратенички места во 350-члениот Парламент, останувајќи најбројна парламентарна партија.
Сепак, на Рахој му треба коалициски партнер за да обезбеди апсолутно мнозинство и да формира стабилна влада.
- Јас ќе водам разговори со сите политички фактори, но прва меѓу нив ќе биде ПСОЕ. Нам ни треба поддршката од социјалистите за главните прашања, изјави денеска Рахој за локалното радио „Кадена КОПЕ“.
ПСОЕ, која инаку е втора по голема партија во Шпанија, долго време одбиваше каква и да било коалиција со конзервативците.
Вчерашните парламентарни избори се одржаа само шест месеци по претходните, кои политички ја парализираа Шпанија, бидејќи ниту една од партиите не освои мнозинство гласови, а потоа тие не можеа да се договорат за коалиција.
Ново на Сител
-

МОН почнува со посета на универзитетите во рамки на јавната дебата за Законот за високо образование
-

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг и седница на земјоделската комисија
-

Украинска делегација отпатува за Швајцарија за разговори со Русија и САД
-

Рубио ќе се сретне со Орбан на разговори за енергетика
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре ќе има заладување со нови пообилни врнежи
-

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
