Спорт плус
15. July 2015 - 19:08

Рафал Мајка победник на 11.етапа на „Тур Д‘ Франс“

Полјакот Рафал Мајка победи на денешната 11.та етапа од велосипедската трка „Тур Д‘Франс“. Тој денешените 188 километри од По до Котерет ги мина за 5 часа 2 минути и 1 секунда и за една минута имаше подобро време од второпласираниот Даниел Мартин, додека третопласираниот Емануел Бучанан имаше заостанување од 1:23 минута.
 
Водечкиот во генералниот пласман Кристофер Фрум го освои 9.место на днешната етапа со 5:21 минута послабо време од побеникот на етапата, но и покрај тоа ја задржа првата позиција и „жолтата маица“. Тој има вкупно време од 41 час 3 минути и 31 секунда. Втор во вкупниот поредок е Таџеј Ван Гардерен со заостанување од 2 минути и 52 секунди.
 
Утре се вози 12.етапа од Ленемезан до Плато де Беле во должина од 195 километри