Радовиш и бугарскиот Тетевен ќе реализираат заедички проект
Општините Радовиш и Тетевен од Република Бугарија годинава ќе реализираат заедничкиот проект „Заедно создаваме подобра иднина”, финансиран од ЕУ програмата „Европа за граѓаните“.
Двете збратимени општини заеднички аплицираа за добивање на овој проект.
-Едната насока од проектот е „Промовирање на меѓукултурниот дијалог и меѓусебното разбирање“, чија главна цел е да се воспостават врски и заедничка основа меѓу различни култури, заедници и луѓе, овозможувајќи им да учествуваат во заеднички активности. Другиот дел е „Дебата за иднината на Европа и евроскептицизмот”. Граѓаните од двете општини ќе добијат можност да кажат каква Европа сакаат, информираат од општина Радовиш.
Проектот е со вкупна вредност од 22.175 евра. Во активностите е планирано да учествуваат повеќе од 450 граѓани-претставници од локалниот бизнис сектор, угостителски работници, младински организации, ученици и просветни работници, претставници од културни установи и здруженија и други организации од збратимените општини.
Сите активности поврзани со проектот ќе се одржат на територијата на општина Тетевен во јули годинава.
Ново на Сител
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек