Радмила Шекеринска: Време е да се променат работите што не чинат

Радмила Шекеринска од СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, носител на кандидатската листа за пратеници во Петтата изборна единица во Битола порача дека време е да се променат работите што не чинат, работите кои не одат добро на Македонија.
Таа шанса, рече Шекеринска, граѓаните ја имаат сега, а в недела треба да ја искористат.
- Во изборната единица ги посетивме сите села и градови. Разговаравме со граѓаните и сите бараат шанси за живот тука, во Македонија, не сакаат поделби туку решенија, сакаат систем што ќе функционира за сите подеднакво, рече Шекеринска.
Најголемиот проблем, кој најчесто беше посочуван на нашите средби, како што рече, беше проблемот на масовното иселување од нашата држава и затоа излеговме со план за живот во Македонија, план со кој младите ќе останат во татковината.
- Планот за живот во Македонија значи план за повисоки плати и повисоки пензии, односно минимална плата до 16.000 денари и просечна плата во цела држава до 30.000 денари. Животот во Македонија значи и поддршка за домашните претпријатија и насочување на 140 милиони евра кон нив за да отвораат нови работни места. Животот во Македонија значи институции кои работаат во служба на сите нас, како граѓани во Македонија, рече Шекеринска на средба со младите битолчани.
Според неа, ако сите излезат на гласање и го искористат своето гласачко право, тогаш во Македонија ќе се случат промени кои ќе обезбедат младите да останат во државата.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
