Радиолошки апарати доби Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле
Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле доби негатоскопи односно опрема дизајнирана за читање на рендгенските х-зраци и се наменети за радиолошка дијагноза. Станува збор за донација од компанијата Жито Лукс која се спроведува во рамките акцијата „Сè за децата“ на таа јавна здравствена установа.
– Загадувањето на воздухот е актуелен проблем кој е причина за голем број респираторни заболувања кај луѓето. Најпогодени од целата ситуација се децата и токму затоа нашето внимание, како општествено одговорна компанија, го насочивме кон детските здравствените институции“, изјави Лидија Трајковска Ристевска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.
Оваа е веќе трета донација од компанијата за Институтот и новите апарати значително ќе ја подобрат неговата работа и навремената интервенција.
– По континуираната поддршка и активната грижа, во компанијата Жито Лукс препознаваме многу повеќе од општествено одговорна компанија, таа веќе е пријател на оваа здравствена установа и на децата што тука се лекуваат. Секоја донација ни е добредојдена, но посебно нè радува кога станува збор за донација на современа опрема којашто може многу да ни помогне во прецизна, брза и навремена дијагноза, изјави директорот Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Ангелчо Андоновски.
Ново на Сител
-

Обвинителките Ленче Ристовска и Анита Тополова-Исајловска поднесоа кандидатури за републички јавен обвинител
-

Две иницијативи стигнаа до Уставен за оспорување на проектот „Безбеден град’
-

Две монтажни гаражи со 500 нови паркинг места добива Клиничкиот центар – Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање

