-->
-->
Радио станица во Тексас забрани пуштање песни на Мадона
-->

Радио станицата Texarkana Hits 105 од Тексас, забрани емитување песни на Мадона поради нејзината изјава за американскиот претседател Доналд Трамп.
- Забрана за пуштање песни на Мадона на станицата Hits 015 не е прашање на политика, туку патриотизам. Кога сите станици би се угледале на нашата, тоа би била силна финансиска порака до поп ѕвездата, објави директорот на радио станицата Тери Томас на Фејсбук.
Мадона пред неколку дена на женскиот марш во Вашингтон зборуваше дека размислува за разнесување на Белата куќа во воздух, што предизвика остри реакции од сите страни.
- Јас навистина размислував дали да ја разнесам Белата куќа во воздух, рече поп ѕвездата во знак на протест на Доналд Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
