-->
-->
Радев: Собранието не е пазар
-->
Партиите мора да бидат свесни дека со овие калливи борби го дискредитираат целиот политички систем во Бугарија, коментираше претседателот на државата Румен Радев по повод политичката криза.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Радев, парламентот не е пазар – едни пазаруваат пратеници, други се поканети да преговараат за враќање на стариот модел на корупција. Двете страни ја убиваат довербата и надежта на Бугарите, изјави претседателот Румен Радев.
Луѓето очекуваат брзи одлуки, животот станува поскап, додаде тој. Според него, Владата сноси целосна одговорност додека Народното собрание на Бугарија не одлучи поинаку. Расправата за гласањето недоверба на владата на Кирил Петков ќе се одржи во вторник, а гласањето ќе се одржи во среда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
