Радев најави дека во првата половина на јануари ќе го свика Консултативниот совет за темата Македонија
Бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност (КСНС) во врска со темата за Република Македонија ќе биде свикан во првата половина на јануари. Ова го соопшти бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите по свеченоста на која Централната изборна комисија им ги врачи уверенијата на избраните претседател и потпретседател на Бугарија.
Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес, изјави Радев.
Како главни приоритети во својата работа во неговиот втор мандат тој го истакна зајакнувањето на државноста, поголема правда, повеќе законитост, заштита на националните интереси и создавање на сите потребни услови и поддршка на институциите во нивната работа, со цел Бугарија да се развива како просперитетна модерна европска земја.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица