Радев: Кога Северна Македонија ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот, ќе може да каже дека гради модерно мултиетничко општество
Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за агенцијата БГНЕС вели дека „раководството на Република Северна Македонија треба да ја убеди не Бугарија, туку соопствените граѓани дека гради демократско држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат, а Бугарите во оваа земја не се подложени на систематска репресија, физичко насилство и диригирани судски процеси“.
„Раководството на РСМ може да претендира дека гради модерно мултиетничко општество, кога ќе смогне сили да ги запише сонародниците на Гоца Делчев во својот Устав“, вели бугарскиот претседател.
За протоколот потпишан меѓу Скопје и Софија, тој не гледа напредок.
„Таму нема напредок. Затоа разговарам со европските лидери и институции дека треба да има движење според овој протокол, бидејќи таму се учебниците, таму е говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето за етничката репресија на Бугарите низ годините. Има и други важни работи, како што е зачувувањето на нашето културно наследство“ – вели Радев.
Радев подвлекува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјава е задолжителен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а овој услов е вклучен и во преговарачката рамка на т.н. француски предлог. Според него, сеењето омраза кон Бугарите е процес кој трае со децении.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?