Радев: Има многу позитивни сигнали од посетата на Петков на Скопје
Секој чекор што ја продлабочува нашата соработка треба да биде поддржан. Има многу позитивни сигнали од оваа посета, изјави денеска претседателот на Бугрија, Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање за посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Северна Македонија, јавува БТА.
За резултатите од посетата на бугарскиот премиер на Скопје, Радев посочи, дека бил информиран на вчерашната сребда со Петков.
– Се надевам, како што кажав и вчера од собраниската говорница, заедно со сите напори за подобрување на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката, да не ги заборавиме главните прашања што треба да се решат и всушност ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите, рече Радев.
Радев, исто така, изрази надеж дека властите во Скопје ќе покажат мудрост и политичка храброст да ги решат овие проблеми, особено, како што рече правата на македонските Бугари, за да може „да ја отвориме вратата за почеток на преговорите за членство“.
– Како одговорна членка на ЕУ, мора да интегрираме партнери, а не проблеми, нагласи Радев.
Според Радев, како што пренесува БТА, уставните системи на двете земји се радикално различни и додека бугарскиот Устав предвидува заштита на индивидуалните права, македонскиот Устав се заснова на заштита на колективните права на делови од народите.
– Сите тврдења дека ако Бугарија бара правата на македонските Бугари, да бидат запишани во Уставот, од друга страна, како реципроцитет, Северна Македонија може да бара македонско малцинство во Бугарија, се апсолутно неосновани, рече Радев.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите