Радев ги почна консултациите за формирање на новата бугарска Влада со „Има таков народ”
угарскиот претседател, Румен Радев, на почетокот на консултациите со партијата што победи на парламентарните избори „Има таков народ“ ја поздравува нивната одлука за отворање дијалог со другите партии.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Радев смета дека треба да се продолжи со процесот на зајакнување на државноста и обезбедување стабилна предвидлива правна рамка за економијата, за важните социјални прашања, за нерешавање на итните прашања, како и за ребаланс на буџетот на Бугарија.
Заменик претседателот на „Има таков народ“, Ташко Јорданов, изјави дека неговата партија ќе предложи влада.
-Сите сфаќаме дека наша е одговорноста како победници на парламентарните избори. Претседателот Трифонов веднаш, следниот ден по изборите, рече дека сме свесни за оваа одговорност и ќе ја преземеме со јасна свест за тоа што се бара од нас. Свесни сме дека ние мора да се обидеме да направиме кабинет и Националното собрание да работи, рече Јорданов.
Тој изрази надеж дека доколку политичките субјекти надминат некои свои партиски интрси и делови од програмите, што не се во согласност со оние на другите, тие ќе можат да формираат доволно стабилно парламентарно мнозинство за да ја изберат новата влада на Бугарија.
Ново на Сител
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
