Радев: Бугарија не прифаќа лекции за демократија од Турција
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека неговата земја нема да прифати лекции за демократија од Турција.
- Бугарија не им дели на другите лекции за демократија, но и не прифаќа, пред се, не од држави кои не го почитуваат владеењето на правото, истакна Радев.
Неговата изјава уследи откако претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Бугарија поради „вршење притисок“ врз Турците во дијаспората, кои во Бугарија се најголемо етничко малцинство
Радев посочи дека се надева оти општите избори во Бугарија, што ќе се одржат в недела, ќе бидат мирни.
- Бугарија е европска земја која ги следи своите закони, а не туѓите емоции, посочи Радев.
Бугарија минатата недела ја обвини Турција дека се меша во бугарските избори, откако беше објавено дека еден турски министер се заложил за партијата ДОСТ, една од двете политички фракции, кои претставуива повеќе од 500.000 бугарски Турци.
Оттогаш бугарските безбедносни служби протераа двајца турски државјани и на уште тројца им забранија влез во земјата.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.