Радев: Ако има нарушување на дијалогот во владејачката коалиција за спорот со С Македонија треба јасно да се каже
Колку повеќе бугарската Влада се придржува до официјалната бугарска позиција изнесена во документите усвоени од Народното собрание и на последниот состанок на Консултативниот совет за национална безбедност, толку повеќе Владата на Кирил Петков го слуша гласот на Бугарите во Бугарија и во Северна Македонија, смета бугарскиот претседател Румен Радев.
Шефот на бугарската држава ова денеска го изјави пред новинарите, откако бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот, го повика да свика седница на Консултативниот совет за национална безбедност на тема Северна Македонија.
Во врска со тоа дали има промени во позициите на европските партнери и дали има напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство од страна на Северна Македонија, Радев истакна дека за овие прашања треба да чуе од премиерот. Нагласи дека прво ќе го слушне ставот на Петков за Северна Македонија, но не прецизираше дали ќе свика седница на Советот.
-КСНС е орган за помош во дијалогот и за барање на заедничко решение за важни национални прашања. Во однос на Република Северна Македонија не само што има широк консензус, туку тој е силно изразен. Властите треба да се на чисто со ова. Доколку дијалогот во самата владејачка коалиција е нарушен, тоа треба јасно да се каже и да се посочат причините за тоа, рече Радев.
Тој изјави дека ќе продолжи да работи во насока на почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест во Северна Македонија. Според Радев, на Бугарија и треба стабилност, транспарентност и принципиелно владеење.
Ново на Сител
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение