Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, соопшти дека денеска сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје, ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот.
Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици денеска ќе работат со следниот временски распоред:
Пункт Пролет - двосменски од 07.30 до 19.30 часот;
Пункт МТВ - двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;
Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.
МВР ги известува граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Утре (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 08.00 до 16.00 часот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
