Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург
Просечните бруто трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра, додека пак во Еврозоната 34,3 евра и забележале раст, објави „Евростат“.
Податоците покажуваат дека најниски трошоци за работната сила има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург.
- Просечните трошоци за работна сила по час прикриваат значителни јазови меѓу земјите на ЕУ, при што најниски трошоци за работна сила се забележани во Бугарија 8,2 евра и Романија 9,5 евра, а највисоки во Луксембург 50,7 евра, Данска 46,8 евра и Белгија 43,5 евра.
Трошоците за работна сила по час во индустријата беа 30,7 евра во ЕУ и 36,6 евра во еврозоната. Во градежништвото тие беа 27,3 и 30,8 евра, соодветно. Во услугите, трошоците за работна сила по час беа 30,2 евра во ЕУ и 33,3 евра во еврозоната - објави „Евростат“.
Податоците говорат дека во 2022 година, во споредба со 2021 година, трошоците за работна сила по час на ниво на целата економија изразени во евра се зголемиле за 5 отсто во ЕУ и за 4,7 проценти во еврозоната.
Во еврозоната, трошоците за работна сила по час се зголемија во сите земји-членки. Најголеми зголемувања се забележани во Литванија (+13,3%), Ирска (+9,3%) и Естонија (+9,1%).
За земјите од ЕУ надвор од еврозоната, трошоците за работна сила на час изразени во национална валута се зголемија во 2022 година во сите земји, со најголем пораст забележан во Бугарија (+15,3%), Унгарија (+13,9%), Романија (+12,2%) и Полска (+11,7%). Најмалку се зголемија во Данска (+2,3%).
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат