Македонија
7. November 2017 - 14:50

Работник почина по пад од скеле

Шеесет и едногодишниот С.А. почина на лице место по пад од скеле при извршување градежни работи во Гевгелија.

Како што информира МВР, смрт без траги на насилство била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено на Институтот за судска медицина Скопје за да биде направен обдукција.