Работниците од Пошта бараат поголеми плати, нови униформи и современа опрема

Синдикатот на Македонски пошти бара зголемување на платите за 10 отсто. Се жалат дeка 30 години платите не им се зголемени ниту денар, а бодот е помал од пред 12 години. Освен поголема плата, бараат и нова работна облека, но и современа опрема.
Покрај барањето за зголемување на платите, како проблем, вработените се соочуваат и со лоши услови за работа години наназад, како и со недостиг на основните средства за работа, односно потребата за набавка на работна облека, велосипеди, мопеди, компјутерска опрема, санација на објектите и други материјали.
-Особено сакаме да нагласиме за набавка на работна облека која повеќе од 10 години не е набавена, за што од Претседателот на Управниот одбор добивме ветување дека годинава набавката на работна облека ќе биде приоритет, за што и на почетокот од годинава Управниот одбор донесе одлука за набавка на работни облеки, но до ден денеска постапката не е започната, поради недобивање на согласност за набавка од страна на Надзорниот Одбор. Со оглед на долгиот период на чекање за реализација на набавката, незадоволството кај вработените е се поголемо, вели претседателот на синдикатот, Боро Велигденов.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
