-->
-->
Работнички очекувано подобар од Струмица
-->
Кошаркарите на Работнички забележаа очекувана победа со 80-65 во дуелот со Струмица, во воведниот натпревар од 20.коло на Првата македонска лига.
На средбата одиграна попладнево во салата „Градски парк“ во Скопје, домаќините до победата ги предводеа ветераните Диме Тасовски кој покрај 27-те поени имаше и 7 скокови и Ѓорѓи Чековски со 14 поени, 5 асистенции и 4 скокови.
За утре во терминот од 18 часот закажани се два натпревари. Во Кавадарци, екипата на Фени Индустри го пречекува второ пласираниот Карпош Соколи, додека во Гевгелија се игра градското дерби меѓу Бест и Кожув.
Колото ќе биде заокружено во вторник (20 часот) со средбата меѓу минатогодишните финалисти МЗТ Скопје Аеродром и Куманово.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 36 бодови (19), Карпош Соколи 34 (19 натпревари), Куманово 32 (19), Фени Индустри 30 (19), Работнички 30 (20), Кожув 28 (19), Струмица 24 (20) и Бест 19 (19).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари